Руските сили ги гранатираат патиштата западно од Бахмут

Сподели со своите пријатели

Ројтерс објави дека во тек е интензивно гранатирање на патиштата кои водат западно од Бахмут, наведувајќи дека тоа е очигледен обид да се блокира пристапот на украинските сили до и од градот.

Loading...

Мостот во соседниот град Хромове е оштетен од тенковски гранатирање.

Украинските војници работат на поправка на оштетените патишта, а повеќе војници се префрлија на линијата на фронтот, што е знак дека Украина се уште не е подготвена да се откаже од градот, наведува британската агенција.

На запад, Украинците ископаа нови ровови за одбранбени позиции.

Командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирски, во петокот го посети Бахмут на брифинг со локалните команданти за тоа како да се зајакне одбранбениот капацитет на силите на фронтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова објаснува зошто Западот ја променил приказната за терористичкиот напад

Денис Јарославски, командант на единицата на украинската армија во Бахмут, за ТВ Еспресо изјави дека на делови од некои единици им е наредено да се преселат на побезбедни позиции, опишувајќи ја ситуацијата во петокот како „кланица од двете страни“.

Шефот на руската приватна армија Вагнер, Евгениј Пригожин, претходно изјави дека градот е речиси целосно опколен и дека само еден пат е отворен за украинските војници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...