Руските космонаути во вселената го слават „ослободувањето“ на Луганск

Сподели со своите пријатели

Руски космонаути позираа на Меѓународната вселенска станица (МВС) со знамето на самопрогласената проруска сепаратистичка парадржава на Луганската Народна Република (ЛПР), чија независност ја признаваат само Русија и Сирија.

Loading...

Фотографијата на својот Телеграм канал ја објави руската државна вселенска агенција Роскосмос со порака во која се слави „ослободувањето“ на Луганск, источниот украински регион чиј град Лисичанск падна во руски раце за време на викендот.

Космонаутите Олег Артемиев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков позираат на фотографијата со знамето на проруските сепаратисти.

„Овој ден ќе влезе во историјата“

Пораката која Роскосмос ја објави со фотографијата гласи: „Денот на ослободувањето на Луганската Народна Република. Прославуваме на Земјата и во вселената“.

„Роскосмос и нашите космонаути, кои работат на Меѓународната вселенска станица, се придружуваат на честитките на лидерот на ЛНР Леонид Пашечник за новиот Ден на Големата победа“, се вели во соопштението на руската вселенска агенција.

„Ова е денот што граѓаните на окупираната област Луганск го чекаа долги осум години. Сигурни сме дека 3 јули 2022 година засекогаш ќе остане во историјата на Републиката. Граѓаните на сојузничката Народна Република од Доњецк, чекајте!“ се заклучува во пораката на Роскосмос.