Рускиот парламент организира натпреварување за најдобра рап песна

Сподели со своите пријатели

Рускиот парламент најави натрепварување за најдобра рап песна, како мерка против современата музика која потсетува на цензурата на уметноста од советските времиња.

Loading...

Десетина рапери наводно имале откажани настапи по предупредувањето на властите кои тврдат дека таквата музика промовира погрешни вредности. Најмалку тројца музичари се притворени.

Во симболичен гест за помирување, Државната Дума, најавила дека ќе организира натпреварување за најдобра рап песна на тема патување во Русија. Победникот, според пратеникот Михаил Дегтјареву, ќе освои пат низ руските градови.

Рапот е еден од најпопуларните музичи стилови помеѓу руската младина благодарение на отвореното претставување на секојдневната реалност и острата критика кон власта.

https://www.instagram.com/p/Bo1XJNgF_R2/

Leave a Reply