Рускиот буџет во првите пет месеци значително помал: Приходите од нафта и гас преполовени

Сподели со своите пријатели

Според прелиминарните проценки на Министерството за финансии на Русија, државните приходи од јануари до мај изнесуваат 9.818 милијарди рубљи или околу 111,77 милиони евра, што е за 19 отсто помалку во однос на истиот период минатата година.

Loading...

Според веб-страницата на министерството, Русија заработила 6.965 милијарди рубљи или околу 79,31 милиони евра од стоки и услуги кои не се поврзани со нафта и гас.

Приходите од нафта и гас изнесуваат 2.853 милијарди рубљи или околу 32,5 милиони евра и се за 50 отсто помалку од истиот период во 2022 година.

Како што се наведува, падот е причинет поради „ефект на висока база“ од минатата година, со намалување на цената Руската нафта од Урал и намалениот извоз на природен гас.

Но, месечната динамика на приходите од нафта и гас „постепено влегува во стабилен пат“, се додава во соопштението.

Расходите од јануари до мај биле на ниво од 13.229 милијарди рубљи или околу 150,7 милиони евра, што е за 27 отсто повеќе во однос на првите пет месеци од 2022 година.