Руски вселенски брод четири пати ја обиколи Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ракетата „Сојуз МС-12“, со тричлен екипаж, лансирана е во четврток од космодромот Бајконур во Казахстан.

Loading...

Бродот пристигнал на Меѓународната вселенска станица (МСС). На бродот се наоѓале рустките космонаути Алексеј Овчињин и американските Ник Хејг и Кристина Кук.

Ракетата „Сојуз ФГ“ со бродот е лансирана на 14 март од Бајконур. Летот се одвивал по кратка шема – бродот четири пати ја обиколил Земјата. На МСС астронаутите ги пречекале Русинот Олег Коноњенко, Американката Ен Меклејн и Канаѓанецот Девјид Сен Жак.

Претходниот обид на Овчињин и Хејг да дојдат на МСС беше неуспешен. На 11 октомври 2018 година се случила несреќа поради која нивниот брод се приземјил 20 минути по почетокот на летот.

Leave a Reply