Руски воени авиони повторно поминаа низ зоната за воздушна одбрана на Алјаска

Сподели со своите пријатели

Северноамериканската команда за воздушна одбрана (НОРАД) преку Твитер објави дека има нов, трет инцидент на руски воен авион кој минува низ зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска.

Loading...

Претходно Си-Ен-Ен објави два инцидента.

Инаку, зоната за идентификација на воздушната одбрана на Алјаска (АДИЗ) е меѓународен воздушен простор во непосредна близина на Алјаска кој на некои места се протега на повеќе од 160 километри од територијата на Соединетите Американски Држави.

Американската војска објави фотографија од вториот инцидент, на која се гледа како Ф-22 лета во визуелен опсег на руски авион Ил-20.