Руски космички брод со камери утре полетува во вселената

Сподели со своите пријатели

Руски вселенски брод за снабдевање, утре по прв пат, кон Меѓународната вселенска станица ќе тргне со инсталирани камери, соопшти руската државна космичка корпорација „Роскосмос“.

Камерите ќе го снимаат летот на носачот на ракетата „Сојуз-2.1“ која ќе полета од вселенското пристаниште Бајконур за да теретниот вселенски брод „Прогрес МС-09“ го лансира до испостава во орбитата, наведува „Роскосмос“, а пренесува агенцијата ТАСС.

Тројца нови космонаути одлетаа на Меѓународната вселенска станица (фото)

Loading...

– Системите со видео контрола инсталирани се на вселенскиот брод поради контрола на летото на вселенската ракета, објаснуваат од вселенската агенција.

Во иднина, „Роскосмос“ има намера видео снимките од камерите на вселенските бродови да ги интегрира во поголемиот дел од компаниите за лансирање вселенски бродови за да се популаризира истражувањето на вселената.

Leave a Reply