Руски генерал се закани со бомбардирање на нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Генерал-мајор Валериј Васиљев изјави дека Русија ја минирала нуклеарната централа Запорожје и дека тој командува со гарнизонот, беше објавено во понеделникот на каналот на Телеграм на украинската државна нуклеарна агенција Енергоатом.

Loading...

Василиев изјави дека нуклеарната централа „ќе биде руска земја или изгорена земја“.

„Не го криеме тоа од непријателот. Ги предупредивме. Непријателот знае дека објектот ќе биде руски или ничиј. Подготвени сме за последиците од овој чекор. А вие, воини-ослободители, мора да разберете дека нема друг пат. И ако има најстроги наредби, мора чесно да ги исполниме“, рече Василиев.

Руските воени единици претходно ја презедоа контролата врз објектот, а веста доаѓа по информациите дека руските сили оштетиле три сензори за радијација и повредиле работници во објектот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа „руски нуклеарен терор“.

Ова не се првите руски нуклеарни закани, пишува Newsweek.

На целата ситуација реагираше и генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси, кој бара пристап до нуклеарните централи за да ја процени ситуацијата.

„Крајно сум загрижен поради гранатирањето на најголемата нуклеарна централа во Европа, што го нагласува многу реалниот ризик од нуклеарна катастрофа што може да го загрози јавното здравје и животната средина во Украина и пошироко“, рече Гроси.

Loading...

Во последниот објавен извештај за состојбата на нуклеарната централа Запорожје, МААЕ објави дека гранатирањето снимено во саботата предизвикало одредена штета, но дека достапните мерења на радијација сè уште покажуваат нормални нивоа.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.