„РУСКИ ЧУВАРИ“: Феномен кој полека се распаѓа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Замислете огромна сибирска пустелија, речна долина, опкружена со камења и планини, со неколку скромни куќи покрај брегот и знаци на кирилица. Опкружен со моќна, сурова природа, се чувствувате како да сте сами во светот, но некој сè уште ве гледа од ридот.

Loading...

Ако се најдете во Акурум, нема да бидете далеку од вистината. Невообичаени чувари од камен ве гледаат од ридот овде. Токму тоа е она што го привлече Акурум во вниманието на патниците, па дури и на светските медиуми – камења, формирани од ерозија и атмосфера.

Ги нарекуваат „куруми“, а некои, понекогаш, едноставно ги нарекуваат – печурки, затоа што наликуваат со нивните камени глави.

Овие камени формации можат да бидат високи и до пет метри, па можете да ги видите дури и од долината. Ако мислевте дека овие неми чувари само стојат морничаво и го гледаат пејзажот од ридот, еве уште еден интересен факт – тие полека се симнуваат по ридот.

Сепак, ова не се единствените формации во светот. Можно е да ги најдете на Балканот, затоа не мора да патувате предалеку, но тука тие се истакнуваат особено поради нивната позиција, како аармијата на карпите над зелената долина, каде што, очигледно, нема „жива душа“.

 

 

Loading...

За жал, многу од нив се распаѓаат, а други останале без глава за време на земјотресот во 2003 година. Геолозите сметаат дека на преостанатите куруми не им останува многу време пред да се срушат сами.

Акурум се наоѓа покрај брегот на реката Чулишман, во рускиот регион Алтај, Сибир. Тоа е најмалку населениот дел на Русија, во кој живеат и автохтоните луѓе Алтај. Познато е како планински дел, богат со реки и прекрасни езера.

Иако жителите претежно се занимаваат со земјоделство, токму поради идиличната природа и убавината на ова место, туризмот, во последно време, цвета во оваа котлина.

Две специфични групи туристи го посетуваат ова место – новобогатите, кои сакаат да доаѓаат тука на одмор и туристите кои доаѓаат во групи за духовни сесии.

 

Leave a Reply