Руски авион случајно испука проектил кон сопствен град (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руски воен авион во четвртокот доцна навечер случајно истрелал проектил врз градот Белгород во Русија, во близина на границата со Украина, предизвикувајќи експлозија и оштети згради, јави руската новинска агенција Тас, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Loading...

Локалните власти известија за голема експлозија во град веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер рече дека две жени се повредени.

„Додека авионот Сухој Су-34 летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на оружје“, рече Тас, објавувајќи ги наводите на Министерството за одбрана.

Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Министерството соопшти дека се оштетени некои згради и објави дека истрагата веќе е во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало.

Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.

На видео снимката од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со скршени стакла.

Loading...

На едно од видеата се гледа автомобил наопаку на покривот на една продавница.

Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.