Русите во украинските редови повикуваат на поделба на Русија

Сподели со своите пријатели

Се чини дека Русија ги префрли сите воени сили на фронтот во Украина и ја остави границата со таа земја целосно незаштитена.

Loading...

Звучи неверојатно, но тоа може да се заклучи од последниот упад на непријателските единици во регионот на Белгород, каде силите под контрола на Киев влегоа длабоко на територијата на Русија.

Тоа не беше диверзантска, туку сериозна борбена група, со тенкови и оклопни транспортери.

Bеа уништени неколку руски воени магацини, соборен е најмалку еден хеликоптер, а по тој повод беше испратена сериозна политичка порака.

Имено, меѓу украинските сили кои ја преминале границата има и две единици со етнички Руси.

Станува збор за таканаречениот руски волонтерски корпус и Легијата на слободна Русија.

Тие повикаа на прогласување Белгородска Народна Република.

Руски неонацисти против Путин

Тие Руси се добро познати во Москва, затоа што се неонацисти и екстремисти кои избегале од Русија бегајќи од законот.

Loading...

На повеќето од нив им беше забранет влез во земјите на ЕУ, но Украина ги пречека со раширени раце.

Тие служат за пропагандни цели, за да може светот да види дека не се сите Руси за Путин.

Официјална Москва веднаш негираше формирање на наводна република и го повика населението на Белгород да остане смирено.

Имено, присуството на диверзанти предизвика паника кај цивилното население кое на социјалните мрежи можеше да ги види своите сонародници, кои се борат како дел од украинската армија, најавувајќи го пристигнувањето во Белгород со заробени оклопни транспортери.

Во самиот град се слушнале неколку експлозии, од кои едната е снимена во близина на зградата на регионалниот центар за државна безбедност, која најверојатно била погодена од бомба донесена со дрон.

Локалните власти затоа ја започнаа операцијата „Еделвајс“ во која беа вклучени сите цивилни, полициски и воени сили.

Тоа подразбира воспоставување контрола врз виталните објекти и институции, контрола врз радио и телефонските комуникации, па дури и конфискација на цивилниот имот.

Она што руската јавност го критикуваше на социјалните мрежи за безбедносните служби на нивната земја е нивната недоволна подготовка за вонредни ситуации, особено долж границата каде што се води војната.

Loading...

Како е можно границата да остане целосно небранета, особено што украинските сили постојано ја напаѓаа руската територија, во регионите Брјанск и Киев.

Беше поставено и прашањето за ефикасноста на изградбата на заштитни позиции долж границата, кога нема припадници на армијата и полицијата кои ќе надгледуваат десетици километри бетонски противтенковски бариери.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.