Русите погодија индустриски погони во западна Украина

Сподели со своите пријатели

Руските сили во текот на ноќта погодија индустриски капацитети во регионот Хмелницки во западна Украина, изјави регионалниот гувернер Серхи Хамалиј.

Loading...

Според него, руските сили извршиле три напади на таа област, пренесува Ројтерс.

 

Си-Ен-Ен објави шокантно видео од Ирпин, телата се на улица

 

Хамалиј не прецизираше кои објекти се зафатени, но изјави дека пожарите се локализирани.

Тој додаде дека во моментов се проверува дали има жртви во нападите.