Русите лути на Индија: Им дале нуклеарна подморница на лизинг, а тие дозволиле Американци да ја проучуваат (видео)

Сподели со своите пријатели

Русија го одлага извршувањето на ремонтот на нуклеарната подморница која е предадена на Индија на лизинг поради сомневања дека индиската војска го прекршила договорот за изнајмување и дозволила на претставници на Воената морнарица на САД внимателно да ја проучуваат руската подморница, соопштуваат тамошните медиуми.

ШОК ВО РУСИЈА: Пронајден маж кој не излегувал од станот по распадот на СССР

Loading...

Во договор за изнајмување на подморницата било наведено дека руските официри треба постојано да бидат во подморницата за да спечат влегување на трета страна, како и за пружање теничка помош.

Освен тоа, постојат прашања за степенот на оштетување на сонарните куполи на подморницата, а ако тоа е доволно сериозно, подморницата треба да се врати на Русија и ремонтот ќе трае извесно време.

Со овој воз во Русија можете да патувате низ осум временски зони (видео)

Индија предала извештај за штетата, но Русија инсистирала да испрати сосптвени инспекциски групи.

На 4 октомври е соопштено дека руската нуклеарна подморница К-150 „Нерпа“ е изнајмена на индиската морнарица, па добила име „Чакра“ и била оштетена за време на хаварија.