Русите ископаа уникатен 100-каратен дијамант (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Светскиот лидер во рударство дијаманти од Русија, Алроса, на своето наоѓалиште во североисточниот регион Јакутија ископа дијамант со врвен квалитет.

Loading...

Дијамантот од скоро 100 карати е втор најголем пронајден на таа локација.

Дијамантот, кој има октаедарска форма, пронајден е на 17 февруари.

Неодамнешното откритие докажува дека рудникот за дијаманти во Јакутија, кој е најголем инвестициски проект на Алроса, има голем потенцијал, наведува компанијата.

– Ова е второ големо пронаоѓање од октомври минатата година. Тоа ни овозможува да зборуваме за големиот потенцијал на оваа лежиште, се наведува во соопштението на произведувачот на дијаманти.

Првиот голем дијамант од 51,49 карати, ископан е во објектот Веркхне-Мунскоие минатата година, набргу по официјалното лансирање на 31 октомври.

Тогаш Алроса ветила дека ќе вложи 60 милијарди рубљи (910 милиони долари) во проект до 2042 година, а се очекува дека рудникот ќе даде околу 1,8 милиони карати дијаманти годишно.

Leave a Reply