Русинка приведена на Табановце со лажен ПЦР тест

Сподели со своите пријатели

Со лажен ПЦР тест, дваесет и петгодишна државјанка на Русија вчера била приведена на Граничниот премин Табановце.

Loading...

– На 22.11.2021 во 11.15 часот на граничен премин „Табановце“, полициски службеници ја привеле А.К.(25) од Русија, затоа што при контрола приложила ПЦР тест за кој по извршена контрола било констатирано дека е фалсификат, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски