11.06.2019 09:58

Русин каснал мечка за јазикот


И тоа се случи – човек касна мечка. Всушност во самоодбрана, бидејќи човекот и го изел јазикот на мечката додека се борел за живот.

Таа вест ја потврдил портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Република Тава во јужниот дел на Сибир, пренесува Спутник.

loading...

Тројца пријатлеи подготвувале ручек покрај логорски оган и собирале рогови од елени во шумите на подарчјето на природниот резерват Кутински во округот Пи Кеем. Еден од нив налетал на мечка. Започнал гласно да вика за да го одврати од нападот, но животното сепак го нападнало.

Очајниот човек, ‘рвајќи се со мечката во борба за живот, се одлучил на несекојдневна самоодбрана, ја каснал мечката за јазик и откинал дел, по што мечката ја пуштил и избегал во шума. Повредениот собирач на рогови успеал потоа некако да ги повика своите пријатели и оние кои повикале итна помош.

Јунакот на оваа необична приказна е сместен во болница со повреди на лицето, главата, рацете и стомакот.

Тројцата пријатели се казнети поради крчење на противпожарни прописи и палење оган во шума. Среќни се што воопшто преживеале и има што да им раскажат на внуците.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments