Русија забрани продажба на Самсунг телефони

Сподели со своите пријатели

Русија му забрани на Samsung Electronics да увезува и продава 61 модел на паметни телефони во Русија поради тужба за непочитување на интелектуалната сопственост поврзана со системот Samsung Pay.

Loading...

Спор меѓу Самсунг и швајцарски компании?

Швајцарската компанија SQWIN SA поднесе тужба во која се наведува дека Samsung Pay го прекршува нејзиниот патент за електронски систем за плаќање регистриран во Русија.

Самсунг одговори дека е поднесена жалба против постапката и дека нема да дава дополнителни изјави на оваа тема.

Од друга страна, SQWIN SA исто така не сакаше да ја коментира жалбата поднесена од Samsung.

Според пресудата донесена од Арбитражниот суд во Москва на 19 октомври, дури 61 модел на телефони на Самсунг добиле забрана за увоз и продажба во Русија, токму поради кражба на интелектуална сопственост.

Оригиналната судска одлука на 27 јули ја потврди тужбата, но не ги прецизираше уредите за кои станува збор, поради што SQWIN SA поднесе жалба во август.

Во последната одлука на судот беше претставен список на сите уреди на кои се однесува пресудата. Можна е жалба на оваа пресуда во следниот месец.

Loading...

Тужбите меѓу големите компании зачестија и веќе не е вест дека одредени производители се забранети во други земји.

Сепак, правните војни не влијаат на корисничкото искуство, па не може да се каже дека одреден бренд ја губи популарноста поради судските пресуди.