Русија: Уништивме големо количество оружје испратено од Западот во Украина

Сподели со своите пријатели

Русија денеска соопшти дека уништила големо количество оружје и воена опрема во источниот украински регион Донбас.

Loading...

Наведуваат дека дел од тоа оружје во Украина го испратиле САД и Европа.

Од Русија велат дека ракети со висока прецизност ја погодиле опремата доставена до украинските сили во близина на железничката станица Удачна, пишува Sky News.

Москва вчера изјави слично тврдење, велејќи дека уништила воено складиште со оружје што западните земји ѝ го донирале на Украина.