Русија тврди дека Украинците мачеле руски затвореници, отворена истрага

Сподели со своите пријатели

Рускиот истражен комитет објави денеска дека отвора кривична постапка за наводна тортура извршена од страна на украинските сили врз руски војници додека Москва ја продолжува својата воена кампања во Украина.

Loading...

Комитетот соопшти дека украинските сили заробиле некои руски војници во регионите Запорожје и Миколаев и дека тие биле незаконски држени од украинската служба за безбедност.

 

Украина: Ракетиравме и уништивме руски брод. Русија: Не, оштетен е во експлозија на муниција

 

„Тие беа изложени на насилство и тортура“

„Русите беа изложени на физичко насилство и тортура за да ги принудат да дадат лажни објаснувања за реалните услови на нелегално задржување во просториите на Службата за безбедност на Украина, како и за (руската) специјална воена операција“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Ројтерс не можеше независно да ги потврди наводите на комитетот.

Loading...

 

Мариупол би можел да падне во секој момент

 

Украина вели дека ги проверува сите информации за третманот на воените заробеници и дека ќе ги истражи сите неправилности и ќе преземе соодветни правни мерки.

Александар Бастрикин, шеф на Истражниот комитет, денеска нареди истрага и за наводното украинско гранатирање на цивили од самопрогласената Луганска народна република додека тие се евакуираа низ соседниот регион Харков.