Русија стави вето на резолуцијата на САД во Советот за безбедност

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации повторно заседаваше наводниот хемиски напад во Гута, Сирија.  Русија стави вето на резолуцијата на САД, но не поминаа ниту руските предлози.

На состанокот се гласало за резолуции кои ги предложија САД и РУсија, но ниту еден од предлозите не е прифатен.

Русија ги блокираше нацрт резолуциите на САД за воспоставување нов механизам за истрага на хемискиот напад во Сирија.

– Нема да го поддржиме американскиот нацрт, рече амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја.

Небензја рекол дека резолуцијата не се сложува со руската позиција.

За американскиот нацрт гласаа 12 земји, додека Русија и Боливија беа против, а Кина воздржана. Тоа е 12. вето на Русија на некоја резолуција за Сирија од почетокот на тамошната војна во 2011. година.

– Ако го претпоставиме назимисливото дека ваквиот нацрт ќе биде усвоен, ќе бидат потребни неколку месеци за да се формира истражен механизам. Не сакате да сушнете дека во сириската Дума не се пронајдени трагови од хемиски напад, рекол Набензја.

Рускиот амбасадор при ОН, ги обвини САД дека ја сакаат резолуцијата за да ја оправдаат употребата на сила против Русија.

Американскиот нацрт предвидува формирање независен истражувачки механизам на ОН за слуачи на употреба на хемиско оружје во Сирија. Мандатот на тој орган би траел година дена со можност за обнова.

Во рускиот нацрт на резолуцијата се бара ново експертско тело за утрврдување одговорност за нападите со хемиско оружје во Сирија, јавува агенцијата АП. Вториот нацрт се однесува на поддршката на Организацијата за забрана на хемиско оружје и нова истрага во Сирија.

За првиот руски предлог гласаа шест земји, седум беа прови, а две воздржани.

Leave a Reply