Русија се обидела Сноуден да го претвори во свој шпион

Сподели со своите пријатели

Поранешниот член на ЦИА и Агенцијата за национална безбедност на САД, Едвард Сноуден, за прв пат во своето автобиографско дело „Досие“, детално зборува за неговото доаѓање во Русија во јуни 2013 година, за тоа како руската Федерална служба за безбедност му понудила соработка, и зошто тој одбил.

Loading...

Во јуни 2013 година, Сноуден достави серија тајни документи до весниците на Вашингтон Пост и Гардијан за програмите за следење на специјалните служби на САД и Велика Британија преку интернет.

Сноуден се упатил кон Хонг Конг, а потоа и во Москва, каде минувал извесно време во транзитната зона на аеродромот Шереметјево. Русија му додели на Сноуден привремен азил за една година, под услов да престане со своите активности против САД.

Во август 2014 година, Сноуден доби тригодишна дозвола за престој, што му овозможи да патува не само во Русија, туку и во странство. Во јануари 2017 година, на Сноуден му беше издадена дозвола за престој до 2020 година.

Како што пишува во својата книга, тој пристигнал на аеродромот Шереметјево на 23 јуни 2013 година, во придружба на новинарката на Викиликс, Сара Харисон, која го поддржуваше Сноуден за време на престојот во Хонг Конг.

При контролата на пасошите, граничарите му рекле на Сноуден дека „имало проблеми со пасошот“, а потоа го одвеле „во една од елегантните деловни сали на аеродромот, до бизниса класа или област од прва класа, каде што патниците седеле опуштено на елегантни фотелји“.

Сноуден и Харисон биле спроведени во своевидна конференциска сала, каде зад масата седеле „мажи во сиво“. Еден постар човек седел на чело и им рекол да седнат наспроти него.

Работи за нас

Loading...

„Тој го исчисти грлото и ми предложи на прифатлив англиски „cold pitch“, како што се нарекува во Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Тоа е предлог за странско разузнавање што може да се дефинира како „дојди и работи за нас“. Различни можности се предложени како награда за соработка. Знаев дека не можам да му дозволам да заврши. Ако веднаш не упаднете во зборот на соработник на странска разузнавачка служба, подоцна, во одредени околности, тоа не игра улога ако на крајот го отфрлите неговиот предлог, затоа што тие можат да го уништат вашиот углед едноставно со ширење на снимка што сведочи за вашата неодлучност“, пишува Сноуден.

Според поранешниот агент, тој размислувал за „скриени уреди за снимање во тој момент и внимателно избирал зборови“.

Тој рекол дека нема намера да соработува со нив, ниту со некоја разузнавачка служба. Потоа му предложил на соговорникот да ја прегледа својата торба на лице место, велејќи дека нема ништо што ќе им помогне.

Сепак, човекот во одело одговорил дека „никогаш нема да го стори тоа“ и дека „едноставно сакал да помогне“. Сакал да утврди која е целта на патувањето на Сноуден и кога слушнал дека Американецот има намера да патува преку Куба и Венецуела кон Еквадор, го информирал дека неговиот пасош е поништен.

Откако Сноуден се уверил дека информациите за поништување на неговиот пасош се точни и дека „неговата сопствена влада го напуштила во Русија“, неговиот соговорник го повикал да се приближи до прозорецот во салата.

Според Сноуден, под прозорецот била најголемата група на новинари што досега ја видел. Тоа беше „импресивно шоу, веројатно изведено од ФСБ, а можеби и не, но веројатно е нешто помеѓу“, пишува Сноуден.

Соговорникот го прашал Сноуден дали сакал да му обезбеди „какви било информации“.

„Ќе се снајдеме“, одговорил Сноуден, по што човекот во сив костум рекол дека се надева оти нема да жали за својата одлука.

Loading...

После тоа, тој ја напуштил собата.

„Поминавме 40 библиски денови и ноќи на аеродромот“, пишува поранешниот агент во своите мемоари.

За тоа време, тој се обратил до владите од 27 земји да му дадат азил, но сите одбие. Ниту една од овие држави не била подготвена да се спротивстави на притисокот на Америка, заклучува Сноуден.

Министерството за правда на САД претходно поднело тужба против поранешниот американски соработник за безбедност Едвард Сноуден, затоа што добро познат свиркач објавил мемоари под наслов „Permanent record“.

Тие сметаат дека Сноуден ги прекршил своите обврски за неоткривање информации.

Leave a Reply