Русија продолжува да ја вооружува Србија

Сподели со своите пријатели

Русија и Србија работат на нови договори за снабдување со оружје, изјавил помошникот на рускиот претседател за военотехничка соработка Владими Кожин.

– Моментално ги проучуваме барањата од српската страна. Засега е рано да се зборува за конкретни примероци воетна техника, но веќе сега е јасно дека следната година ќе продолжи воено-техничката соработка со Србија, рекол Кожин.

Според Кожин, Србија има големи планови за опремување на својата војска. Тие се наоѓаат во тешки услови, но сепак се разговара за договорите.

Кожин наведува дека Русија е благодарна на Србија за нејзиниот доследен став и одбивање да се придружи кон санкциите против Москва, потсетувајќи дека во 2017 година Белград добил од Русија шест ловци МИГ-29.

Помошникот на рускиот претседател додал дека планот за извоз на оружје и воена техника ќе биде исполнет до крајот на годината.

Претседателот на Русија, Владимир Путин претходно соопшти дека до крајот на 2017 година би требало да извезат оружје во вредност од 15,3 милијарди долари.