Русија: Минск независен во признавањето на Крим како руска територија

Сподели со своите пријатели

Москва очекува дека Белорусија ќе донесе независна и навремена одлука за признавање на Крим како дел од руската територија, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Loading...

Тој рече дека ова прашање не било на агендата на неодамнешните билатерални разговори во Сочи меѓу рускиот и белорускиот претседател Владимир Путин и Александар Лукашенко, пренесува ТАСС.

Не, тоа е апсолутно внатрешно и суверено право на Белорусија, рече Песков на прашањето дали Путин и Лукашенко разговарале на оваа тема на средбата во Сочи.

Тој нагласи дека Москва очекува нејзините „белоруски пријатели да донесат независна и навремена одлука за ова прашање“.