Русија ќе гради лунарна база на Месечината

Сподели со своите пријатели

Русија во рамките на својата лунарна програма планира да направи долготрајна база на површината на природниот сателит на Земјата и да ја изучува Месечината со помош на аватар роботи, изјавил директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин за „Спутник“.

– Се работи за изградба на долготрајна база. Секако, не за живот, туку за посета. Но, во основа, тоа е пронаоѓање на роботизирани системи, на аватри кои ќе ги решаваат проблемите на површината на Месечината, објаснил Рогозин.

Тој истакнал дека оваа задача е поамбициозна и поодроговорна за онаа со која се соочува САД за време на нивната лунарна програма во 60те и 70 те години.

Мистериозна планета се појави покрај Месечината (ВИДЕО)

Loading...

Претходно Рогозин изјави дека Роскосмос планира да ги истражува можностите за употреба на земјиштетот на Месечината како материјал за 3Д печатење на делови за поправка на вселенска технологија на самата Месечина.

Според негови зборови, овие „конструкции“ ќре претставуваат детали за поправка на вселенската техника, која би можела да се расипе на природниот сателит на Земјата.

– А ќе постојат и можности, како што велат во Академијата на науките, за користење на хелиум-3 основа за ракетно гориво, додал тој.

Leave a Reply