Русија испрати ново предупредување до Европа поради одлуката за забрана на руската нафта

Сподели со своите пријатели

Русија во четвртокот предупреди дека одлуката на Европската унија да се откаже од руската нафта најверојатно ќе ги дестабилизира светските енергетски пазари, нарекувајќи ја „самоуништувачки“ чекор за одмазда на Европа.

Loading...

Лидерите на ЕУ во понеделникот се согласија да прекинат 90 отсто од увозот на нафта од Русија до крајот на годината, што е најсилните санкции досега од почетокот на инвазијата на Украина.

„Одлуките на Европската унија за делумно напуштање на руската нафта и нафтени деривати, како и забраната за осигурување на руските трговски бродови, најверојатно ќе доведат до дополнително зголемување на цените, дестабилизација на енергетските пазари и прекини во синџирите на снабдување“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова објаснува зошто Западот ја променил приказната за терористичкиот напад

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел рече дека овој потег на Европа ќе ја лиши Москва од значителни средства и ќе создаде дополнителен притисок да се запре инвазијата, но Русите велат дека тоа ќе ја загрози економијата на ЕУ.

 „Брисел и неговите политички спонзори во Вашингтон сносат целосна одговорност за ризикот од влошување на глобалната прехранбена и енергетска криза предизвикана од нелегитимните дејствија на Европската унија“, соопшти руското Министерство.