Русија и Америка се многу различни, но за што би можеле да се сложат Бајден и Путин?

Сподели со своите пријатели

Се чини дека Америка и Русија се толку длабоко поделени со нивните спротивставени визии за светскиот поредок, геополитичките интереси и вредности, што многумина веруваат дека не може да се зборува за ново партнерство или за ресетирање на односите.

Loading...

Најдоброто на што можат да се надеваат и двете страни во тој случај е сузбивање на непријателствата доволно за да се избегне нуклеарна војна или ненамерна ескалација на воениот конфликт.

Се чини дека е вид на соработка за каква американскиот претседател Џо Бајден се залагаше во неговиот прв разговор со рускиот лидер Владимир Путин, кога тој се фокусираше на проширување на новиот договор СТАРТ пред да премине на списокот на приговори – затворање на опозицискиот лидер Алексеј Навални, масовни апсења на демонстранти, сајбер напади, мешање во избори…

 

 

Сепак, американско-руските односи вредат уште еден обид за нивно продлабочување, проценува „Форин полиси“.

Ова бара кршење на циклусот на навреди и одмазда, а за да се постигне тоа, двете страни мораат да преземат јасни политички чекори.

Loading...

Прво, аналитичарите често се фокусираат на „путинизмот“ и на сето тоа што го вклучува, а Бајден рече дека Америка повеќе нема да „кривогледува кон агресивните активности на Русија“.

Од гледна точка на решавање на конфликтот, важно е да се разбере дека „путинизмот“ не се појавил од никаде.

 

 

Стратегиите на рускиот претседател се засноваат на предавството што многу Руси го почувствуваа кога НАТО се прошири на исток, иако тој увери дека нема да го стори тоа, посочува „Форин полиси“, повикувајќи се на американското бомбардирање на рускиот сојузник Србија во 1999 година, одлука за изградба на системот за ракетна одбрана во Романија и Полска и поддршка на прозападната опозиција во Русија, како и во Украина во 2004 година, а потоа и 2013-2014 година. Потоа следуваше одлуката на Америка да го собори режимот на Моамер Гадафи во Либија во 2011 година надвор од ООН.

Да потсетиме, не само Путин беше револтиран од американските активности, туку и неговите претходници Борис Елцин и Михаил Горбачов.

Од таа перспектива, не е мистерија зошто благиот Елцин го избра челичниот Путин за „да ја крене Русија од колена“. Горбачов пред две години рече дека, по крајот на Студената војна, Америка постојано се обидува да ја „истурка Русија од геополитика “.

Loading...

 

 

Значи, проблемите во американско-руските односи не се само „путинизам“ или идејата дека Путин се плаши од демократија и му треба надворешен непријател за да остане на власт.

Второ, за да се започне процесот на помирување, преговарачите мора да ја видат целата слика, целиот систем на судир на дејствување и реакција. Да, одмаздоносните реакции на Путин ја одиграа можеби најважната улога во оваа претстава и му служеа на режимот со цел да го заплаши населението со надворешна закана. Но, за американските интереси, можеби е најдобро за Вашингтон да ги прекине нападите и да ги преиспита своите претходни потези.

Оние кои се попродуктивни ќе гледаат на светот со „стратешка емпатија“. Во областа на преговорите и медијацијата, експертите со децении проучувале како и зошто луѓето влегуваат во конфликти и како можеме да се повлечеме и да видиме кои креативни опции сме ги пропуштиле во вжештената битка.

Бајден сега не само што мораше да го осуди авторитаризмот во Русија и да повтори дека „нема да кривогледува кон руската агресија“, туку и да признае дека и двете страни придонеле за трагичниот циклус на акција-реакција во односите меѓу двете земји.

 

Loading...

 

Администрацијата на Бајден, понатаму, може да бара можности за соработка во областа на пандемијата, климатските промени, вселената, сајбердипломатиката, транзитот на Арктикот…

Кога лидерите ќе препознаат заеднички интереси, договорите завршуваат. Претседателот на САД, Роналд Реган, ја призна нуклеарната опасност. Тој и Горбачов ги потпишаа најголемите договори за намалување на оружјето во историјата.

Сигурно Бајден и Путин денес признаваат дека американско-руската непријателство не е добра работа ниту за Русите ниту за Американците. И двајцата треба да се издигнат над тоа и да најдат заеднички јазик.

Leave a Reply