Русија го отфрли предлогот за велигденски хуманитарен прекин на огнот

Сподели со своите пријатели

Русија го отфрли предлогот на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за прогласување четиридневен хуманитарен прекин на огнот за време на велигденските празници за евакуација на цивилите од Мариупол и испорака на хуманитарна помош во областите зафатени од војна, пишува Укринформ.

Loading...

– Антонио Гутереш повика на воспоставување велигденско хуманитарно примирје на 21 април со цел да се организираат хуманитарни коридори и да се евакуираат цивилите. Ставот на московскиот фирер беше искажан во Советот за безбедност неколку часа подоцна – објави во средата на Твитер постојаниот претставник на Украина во ОН Сергиј Кислица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скандалозна изјава на Бајден: Да ја заштитиме Украина од касапот Путин

 

Шојгу: Руските трупи го зазедоа Мариупол

 

Заменик-претставникот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, ги нарече предлозите за прекин на огнот „псевдо-мирни, лажни и неискрени“, велејќи дека прекинот ќе и даде на Украина „пауза“ за снабдување со оружје.

Како што беше најавено, Гутереш ги повика Русија и Украина да објават четиридневен хуманитарен одмор од четврток до недела, за безбедно поминување на цивилите кои сакаат да ги напуштат воените зони и да достават хуманитарна помош во најзагрозените области.