Русија ги зголемува испораките на нафта преку јужниот крак на Дружба

Сподели со своите пријатели

Во јуни Русија ќе ги зголеми испораките на нафта преку јужниот крак на нафтоводот Дружба за 16 отсто, пренесува Танјуг.

Loading...

Според извори на Ројтерс, европските рафинерии сакаат да купат што повеќе руска нафта поради страв од проблеми со транзитот низ Украина.

Британската агенција тврди дека унгарскиот МОЛ во јуни ќе купи околу 900.000 тони руска нафта Урал наспроти 750.000 тони во мај.

Нафта за Европа само преку јужната гранка на Дружба

Чешкиот концерн Унипетрол, во сопственост на полскиот ПКН Орлен, планира да купи до 430.000 тони нафта од Урал во јуни во споредба со 400.000 тони во мај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Русија сега ја снабдува Европа со нафта само преку јужниот огранок на Дружба, кој минува низ територијата на Украина и Белорусија.

Испораката на нафта преку северниот огранок на Дружба беше суспендирана откако Полска и Германија одбија да купат руски енергетски производи.