Русија е сериозна закана за безбедноста на Шведска, тврди службата за безбедност

Сподели со своите пријатели

Русија претставува сериозна закана за безбедноста на Шведска и станува се поагресивна во своите постапки, објави Шведската служба за безбедност.

Loading...

Се наведува дека акциите на рускиот режим се непредвидливи и склони кон висок ризик, пренесува Ројтерс.

Беше оценето дека војната во Украина драстично ја промени безбедносната ситуација и дека Русија претставува директна воена закана за соседните земји, како и за внатрешната безбедност на Шведска.

Русија ја третира Шведска како дел од Европа, НАТО и Западот, што ја зголемува заканата, изјави шефот на Службата за безбедност, Даниел Стенлинг.

Минатата година, веднаш по почетокот на рускиот напад врз Украина, Шведска и Финска побараа прием во НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Безбедносната служба ги окарактеризира и Кина и Иран како закана за Стокхолм, нагласувајќи дека тие две земји соработуваат со Русија.

Странските сили инвестираат значителни ресурси за илегално да добијат модерна технологија во Шведска, соопшти Службата за безбедност.