Рубик откри колку време му било потребно да ја реши коцката (видео)

Сподели со своите пријатели

Професорот по дизајн Ерно Рубик во 1974 година во својот стан во Будимпешта, кој го делел со неговата мајка, почнал да се “игра” со дрвени коцки. Таа игра ќе му го промени животот со тоа што ќе ја створи една од најпрепознатливите играчки во светот.

Тогаш 29-годишниот Рубик, ја истражувал употребата на простиот облик и дизајн. Изработил дрвени коцки, ги залепил на по една страна разнобојните бои и сите ги поврзал со елстачна гума.

“Беше прекрасно да се гледа како по неколку вртења боите се мешаат. Беше неверојатно задоволство да се гледа оваа боја. Како по убава, долга прошетка во која сте виделе многу сакате да се вратите дома, така јас одлучив дека е време, коцките повторно да се сложат. Во тој момент бев пред голем предизвик – кој е патот до куќата”, напишал Рубик за својата прва средба со својот најзначаен изум.

Неговиот досегашен необјавен текст во Дискавер открил дека Рубик немал представа како да го реши проблемот, а не бил сигурен ниту дека други луѓе ќе може да ги сложат коцките.

Сега некои тоа го прават за помалку од 5 секунди, а на Рубик му требало дури еден месец вртење на коцката во неговата соба. Математиката вели дeка мали се шансите случајно да ја решите коцката, бидејќи постојат  43.252.003.274.489.856.000  можни позиции.

“Се сеќавам како на мојата мајка и ја покажав коцката кога го пронајдов решението и како таа беше среќна бидејќи мислеше дека повеќе нема да губам време на нејзе”, навел Рубик.

Од тогаш, повеќе од 350 милиони Рубикови коцки се продадени ширум светот.

Loading...
sitel.com.mk