РОСТЕРОТ КОМПЛЕТИРАН: Започнаа тренинзите на КК Куманово (галерија)

Сподели со своите пријатели

Со пристигнувањето на Грифин Раме од САД вечерва и официјално ростерот на Кошаркарскиот клуб Куманово за претстојната сезона ќе биде комплетиран. Без американскиот интернационалец, останатиот дел од тимот на чие чело застана Игор Михајловски денеска попладне го одржа и првиот тренинг.

 

Loading...

 

Столбот на клубот и понатаму останува ист. Тука се Марјан Јанески, Димитар Караџовски и Никола Караколев кои веќе неколку сезони го носат дресот на Куманово.

 

 

 

Loading...

 

Старо-нов играч на клубот е Александар Штерјов кој минатата сезона настапуваше во Кожув.

 

 

Двајцата Срби кои имаат богати интернационални кариери ќе бидат големо зајакнување на клубот. Станува збор за 34-годишниот Мирко Ковач кој своевремено има нстапувано за Црвена Ѕвезда и Партизан, и Немања Миљковиќ кој од Катар доаѓа во Куманово.

 

 

Loading...

 

Доцна вечерва се очекува да пристигне и Американецот, Грифин Раме кој веќе рано наутро ќе се приклучи на вториот тренинг на тимот.

Подмладокот на тимот горе-долу со некои дополнувања останува ист. Тука се Миодраг Тодоровиќ, Ненад Стојановски, Ѓорѓи Георгиевски, Данијел Аврамовски и Никола Стефановски.

 

Loading...

 

На тренерската позиција се враќа кумановецот Игор Михајловски кој очекува интересна сезона во која ќе се даде можност и на помладиот состав на екипата.

Имаме седум недели за да ги направиме пдоготовките и што поподготвени да ја пречекаме сезоната која најверојатно ќе започне на 15 октомври. Задоволен сум од првиот тренинг, екипата е 90% комплетирана, се очекува натрепварувачот од САД кој утре ќе се приклучи на подготовките, а за самата сезона може да кажам дека амбициите се клубот да остане на онаа реноме што го има во последните 10-15 години. Нема големи амбиции, да се задржи тоа реноме и оваа сезона да се потрудиме да го повториме успехот од минатите сезони и да останеме во тој ранг на екипи што го имаме во последните сезони од домашната лига – изјави Михајловски.

 

 

Со двојно помал буџет, но со квалитетен ростер управата очекува дека ќе се создаде добра натпреварувачка клима.

Гледам од самиот почеток на тренингот дека играчите сакаат да го дадат својот максимум, да покажеме уште на почетокот на сезоната дека Куманово може да се носи и со многу посилни екипи кои имаат и поголем ростер. Во ноември или декември од оваа тековна сезона би се засилиле дали со домашни или странски имиња со што би станале конкурентни за првото место во домашната лига, но она што е поважно за оваа сезона да успееме да направиме успех кој би наликувал на успесите од изминатите неколку сезони. Знаете дека во последните неколку сезони играме барем по едно финале, прво Купот на Македонија, потоа две финалиња на првенството, минатата сезона финале во Балканската лига, така да со едно до две засилувања кон крајот на екипата може да атакуваме на важно место во македонската лига – вели Виктор Божиновски, претседател на КК Куманово.

 

Loading...

Недоразбирањата со Македонската кошаркарска федерација во новата сезона според Божиновски нема да се подобрат многу, со оглед дека на раководните функции и натаму остануваат Наумовски и Гавриловска.

Според мое лично видување и на целата управа на клубот тоа се луѓе кои се најдени на погрешно место во погрешно време. Апсолутно дадовме шанса и се гледа дека не ја заслужиле таа шанса што ја имаат, се надевам дека што поскоро ќе го разберат тоа и ќе си дадат оставки последните резултати на репрезентацијата покажуваат дека нивната неспособност доведува до вакви резулати како што ги има репрезентацијата – додава Божиновски.

 

Што се однесува до натпреварување во меѓународните лиги, за три дена се очекува да се затвори прашањето за учество во БИБЛ лигата, а приоритет на управата и општината ќе биде да ја преземат спортската сала под надлежност на локалната самоуправа со цел да ја реновираат не само за кошарката туку и за сите други спортови.

 

Loading...

 

 

 

Loading...