Роналдо го сака Кејн во Реал

Сподели со своите пријатели

Големата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо го дал својот благослов за трансфер на Хари Кејн од Тотенхем во текот на летото, објави „Еуроспорт“.

Како што е познато, англискиот репрезентативец е меѓу главните трансфер цели на европскиот шампион, кој подготвува сериозна реконструкција за следната сезона.

Досега Реал не бараше нов централен напаѓач поради статусот на Карим Бензема, кој се смета за близок до Португалецот и тоа го задржува на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, иако неговата очајна форма во последните месеци.

Пред неколку дена Роналдо имал разговор со раководството на Реал, во кој изјавил дека е согласен да заигра со Кејн, кој би требало да го замени Бензема во првите редови на „кралскиот“ клуб, додаваат од изданието. /МИА

Leave a Reply