Романија ѝ порача на Русија да го намали бројот на персоналот во амбасадата

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи ја извести Русија дека мора да го намали бројот на персоналот во Амбасадата во Букурешт за 51, што би било во согласност со бројот на вработени во романската амбасада во Москва, пренесува агенцијата Бета, повикувајќи се на АП.

Loading...

Министерството соопшти дека Руската амбасада добила рок од 30 дена да ја спроведе одлуката, а доколку не го стори тоа, на дел од вработените ќе и биде повлечена акредитацијата.

Тој потег „го одразува сегашното ниво на билатерални односи“ меѓу Романија и Русија, објави Министерството без дополнително објаснување.

„Соодветниот“ одговор на Москва

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека официјална Москва „ќе одговори на соодветен начин“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Захарова објаснува зошто Западот ја променил приказната за терористичкиот напад

По руската инвазија на Украина минатата година, Романија протера неколку руски дипломати, приклучувајќи се на бранот протерувања на руски функционери од европските земји.