Романија ги ублажува анти-ковид мерките

Сподели со своите пријатели

Националниот комитет за вонредни ситуации на Романија (ЦНСУ) донесе одлука за ублажување на анти-епидемиските мерки што ќе се применуваат од 1 август, а тие се однесуваат на организација на концерти и театарски претстави, спортски и приватни собири, јавни собири, работилници и посети, барови, клубови, дискотеки и балски сали.

Loading...

Според одлуката на ЦНСУ, културни, уметнички и забавни активности, како и приватни настани (свадби, крштевки, меморијални собири) можат да се одржуваат и на отворено и во затворено, но со строго ограничен број на учесници од кои се бара да носат заштитни маски, во зависност од 14-дневната кумулативна стапка на инфекција во секој одделен дел од земјата.

Покрај тоа, ќе биде задолжително да се покаже доказ за вакцинација или доказ за негативен резултат на PCR-тест, не постар од 72 часа, или заверен негативен резултат на брз антиген тест, не постар од 24 часа, или потврда дека лицето прележало ковид од 15 до 180 дена од настанот.

Присуството на деца на возраст под 16 години не влијае на максималниот број учесници на приватни настани.

Leave a Reply