Рој пчели стопираа авион, па морале да интервенираат пожарникарите

Сподели со своите пријатели

Летот 743 на Ер Индија, кој требал да замине од Калкута, бил одложен за два и пол часа додека рој пчели се залепиле на прозорецот на кокпитот на авионот.

Loading...

Авионот што летал кон Агартала во северо-источна Индија, кој е оддалечен само еден час, доцнел веќе 90 минути поради технички проблеми кога пчелите решиле да се населат на прозорецот од кокпитот.

Вкупно 136 патници, вклучувајќи го и министерот за информации во Бангладеш, Хасан Махмуд, морале да чекаат уште еден час за да се отстрани ројот пчели.

Пилотите се обиделе да ги отстранат со бришач на шофершајбната и не успеале. Само пожарникарите биле во можност да ги отстранат со водени топови.

Директорот на аеродромот изјавил дека аеродромот бил детално претресен и не се пронајдени кошници на пчели, што значи дека пчелите потекнувале од локација надвор од аеродромот.

https://youtu.be/Ek5TNdA1fls

Leave a Reply