Родителите ослободени од плаќање надоместок за градинка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Родителите се ослободени да платат надоместок за користење на услугите на Детската градинка „Ангел Шајче“ за периодот кога нивните дечиња не ја посетуваа установата, откако Владата донесе одлука за нејзино затворање со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Loading...

Одлуката за ослободување од плаќање надоместок вчера на седница едногласно ја изгласаа сите членови на советот.

Првин расправата течеше во насока чиј бил предлогот за ваквата одлука, за да подоцна власта и опозицијата дојдат до заклучокот дека сепак заеднички дошле до оваа предлог мерка со која им излегуваат пресрет на граѓаните.

– За целиот овој период роителите не ги користеа услугите на детската градинка, согласно тоа наше мислење беше дека родителите за таа услуга и не треба да плаќаат. На координацијата одржана на 20.05 од страна на општината од страна на овластен претставник беше донесена предлог одлука со која се предложи родителите да плаќаат 24,8 денари по ден некористење на услуга, ние нормално се спротивставивме на тоа и како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ дадовме предлог да се смени таа одлука доколку е во можност да нема финансиски импликации врз работата на детската градинка, целосно да се укине, да биде надоместокот за плаќање нула денари. Од ова место сакам да се заблагодарам и на советничката група на СДСМ што ја поддржа оваа наша иницијатива и на тој начин да излеземе колку толку во пресрет на граѓаните, изјави советникот Сашо Стошевски.

Како што рече претседателката на Советот Атина Мургашанска, иницијативата претходно била разгледана и на координација во рамките на советничката група на СДСМ, но не е важно кој прв почнал, туку дека биле на иста бранова должина.

– Работата беше што сме размислувале на иста или слична бранова должина да им олесниме што повеќе на родителите кога траеше, и се уште трае, но беше поинтензивна кризата со коронавирусот, меѓутоа зошто не се излезе веднаш со предлог за потполно ослободување, бидејќи и покрај тоа што дечињата не одеа во тој период и дел од март, речиси половина ги користеа услугите, но за периодот кога не одеа, иако се драстично намалени трошоците, факт е дека има одредени трошоци кои оделе или не оделе децата мора да се надоместат, како вода, ѓубре, телефонски сметки и режиски трошоци. Инспирирани од другите локални самоуправи се одеше да се покријат тие трошоци, некаде одеа со поголемо, некаде со помало ослободување, ние сме поголема локална самоуправа следствено на тоа имавме и најголеми режиски трошоци, но бидејќи сме најголема општина и имаме една од најголемите градинки, сметавме дека со домаќинско работење во следниот период ќе можат да се покријат тие трошоци и се дојде на идеја од советничката група, поддржана од Управниот одбор, покрената од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но во интерес на нашите граѓани, родителите потполно да ги ослободиме и од режиски трошоци за кои постои основа во законската регулатива, рече Мургашанска.

Како што појасни раководителот на Секторот за социјални работи Цоки Ристевски, идејата претходно дошла од група граѓани до градоначалникот и веќе три недели општинските служби и раководството на градинката се договарале на кој начин да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните, а од друга страна тоа да не влијае врз финансиската ликвидност на институцијата.

Предлогот, како што појасни советничката Соња Тодоровска го прифатила и директорката на Детска градинка „Ангел Шајче“, иако свесна дека тоа може да влијае врз финансиската состојба на институцијата.

Loading...

Никола Ивановски

 

Leave a Reply