Родителите го оставиле да умре од глад, сега животот му е целосно поинаков (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ања Рингрен Ловен од Данска се занимава со хуманитарна работа. Оваа жена и нејзиниот сопруг Давид Емануел Умем, водат сиротиште во југоисточна Нигерија, каде се сместени деца кои биле напуштени од семејствата поради суеверие.

Таа пред две години спасила момче од сигурна смрт. Го пронашла како талка низ улиците изнемоштен и гладен. Изгледало како да нема да преживее, но нејзината грижа е заслужна што оваа момче денес повторно се смее.

Ања редовно ја известува јавноста за здравјето на оваа момче и неговиот живот.

Минатата недела на Фејсбук објавила дека му дала име Хоуп, кое значи надеж.

 

Loading...

 

– И натаму добивам многу прашања кои се однесуваат на Хоуп. Како што поголемиот дел од вас знаат, Хоуп пред неколку месеци доби и слушен апарат. Кога го носи реагира на звуците околу себе. Се свртува кога ќе го повикнеме, дури и од поголема одалеченост, изјавила Ловен.

Хоуп носи слушен апарат само неколку часа дневно, како препорака на неговиот лекар. Поголемиот дел од луѓето не сфаќаат дека слухот и разбирањето се две различни работи. Слухот е нешто природно за сите нас и се раѓаме со тоа.

Кога човекот ќе гио загуби слухот, како што тоа е случајот со Хоуп, тој со време започнува да се отуѓува од одредени звуци. Кога ќе добие слушен апарат се случува одредени звуци да не ги препознава и да не разбира одредени зборови.

Ќе бидат потребни години пред Хоуп да ја развие таа можност. Тоа е природно. Тој е многу интелигентен и еден од најдобрите ученици во разредот, а сега е во рацете на професионалците. Хоуп сака музика, па дури и без апаратите тој реагира на ритмот. Прочитав дека глувите луѓе можат да чувствуваат вибрации во дел од мозокот кој другите го користат за слух, вели Ловен.

– Многумина се прашуваат како глувите и натаму слушаат музика. Мислеле дека е невозможно да почуствуваат било што, но истражувањата покажале дека тие сепак чувствуваат музика. Најдобар пример за тоа е Бетовен. А, сега погледнете го оваа момче кое целиот свет го познава како Хоупа, напишала Ања.

Со својот пост приложила и фотографии од момчето, на кои тој носи слушен апарат и притоа позира.

Ања исто така е вклучена во проектот кој се вика „Land of Houpe“ (Земја на надеж). Тоа е мало село, каде според податоците од нивниот сајт се наоѓа детски центар.

Се состои од две згради, има и кујна со складиште, како и библиотека и игралиште.

На сајтот се истакнува дека „Земјата на надежта“ е подобра иднина за многу деца, каде најважна е љубовта, грижата и заштитата. Децата исто така имаат можност да одат и во училиште.

Се истакнува дека невладиниот сектор е одговорен да им пружи на децата што подобри средства за живот.

„Земјата на надежта“ е место каде целата заедница може да дојде и да користи здравствена заштита, како и компјутери. Децата таму можат да користат фудбалско игралиште и да се дружат.

Leave a Reply