Роботи на тркала почнаа да доставуваат пошта во Москва (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Флота од роботи на тркала, наречени и ровери, излегле на улиците на Москва во Русија за да достават пошта.

Loading...

Тестирањето на роботите започнало како партнерски проект меѓу National Post и технолошкиот конгломерат Yandex, а на улиците имало роботи со големина на куфер, кои се движеле со помош на шест тркала.

Благодарение на технологијата за вештачка интелигенција, овие роботи можат да доставуваат пошта во радиус од два километри околу одредени пошти во Москва.

 

 

Во првата фаза жителите ќе можат да изберат робот како опција за испорака, а на располагање ќе има вкупно 26. Оние кои ќе ги изберат ќе можат да ги следат нивните движења се до нивниот дом благодарение на код.

Yandex веќе користи 50 ровери за услугата GrubHub за испорака на храна до Универзитетот во Охајо во САД.

Loading...

Руската пошта се обидела да го направи својот прв лет со дрон во Сибир во 2018 година, но завршила со катастрофа бидејќи дронот удрил во ѕид неколку моменти по полетувањето.

Четири години претходно, руската пицерија Додо пица почнала да користи дронови за доставување нарачки во градот Сиктивкар. За време на пробниот лет храната била доставена за 30 минути.

Во Соединетите Држави, бројни синџири на ресторани и други бизниси експериментираат со автоматизација во производството и логистиката за да го компензираат недостигот од човечка работна сила.