Робот за осамени – тој зборува, наздравува, па дури и пие со луѓето (видео)

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејски научник направил интересен робот кој може да пие со вас. Тој заедно со сопругата Парк Еун Чан го направиле првиот робот другар за пијанка кој го нарекле „Robot drinky“.

Овој робот може да наздравува, да спушта и подигнува чаша и да се свртува кон вас додека зборувате исто како вистински пријател. Единствено што морате да правите е да ја празните теглава во телото на роботот која се полни со алкохол кога тој „пие“.

Овој изум, од кога е псотавен на „Јутјуб“ стана вистински хит на интернетот и е идеален за оние кои за Новата година ќе бидат осамени.