РК Куманово нерешено против Астраион

Сподели со своите пријатели

Со резултат 21:21 заврши вчерашната средба меѓу ракометарите на Куманово и Астраион од Струмица во рамките на 3 коло од Првата машка ракометна лига на Македонија.

Loading...

Изедначено и гол за гол играа кумановци во првото полувреме кое исто така заврши со нерешен резултат 8:8, и покрај напорите на Куманово да направи предност пред гостите.

Со резултат 21:20 за Куманово, на само три секунди пред крајот скапо ги чинеше грешката на Трајчевски, по што следуваше седмерец кој доведе до нерешен краен резултат на средбата.

Со шест голови најефикасен во Куманово беше Влатко Тасевски, а со четири погодоци на листата стрелци се запиша Милош Стошиќ.

Најефикасен кај Астраион исто така со шест голови беше Васил Наков.

По три одиграни натпревари Куманово нема забележано пораз и се наоѓа меѓу најдобрите екипите во првата група од лигата.

Следниот натпревар го играат на гости против составот на Јуниор.

Leave a Reply