Ризикот од срцев удар најголем за Бадник

Сподели со своите пријатели

Новогодишните и божиќни празници не се само време за опуштање и забава, тоа е стресен период кога се зголемува опасноста од срцев удар, пишуваат британските медиуми повикувајќи се на нови студии.

Loading...

Најново истражување во Шведска покажало дека поради стрес и анксиозност, ризикот од срцев удар е најголем за Бадниковата вечер  и дека врвот се достигнува околу 22 часот.

Научниците тој заклучок го извеле врз основа на следење на датуми и сатници на 283.014 срцеви удари кои се случиле во период од 16 години – од 1998 до 2013 година во Шведска, пишува Индепендент.

Тие веруваат дека емоционалниот стрес и анксиозноста го зголемуваат ризикот, особено меѓу популацијата постара од 75 години, како и дијабетичари и оние кои имаат некое срцево заболување.

Шведските научници, кои својот труд го објавиле во Британски медицински журнал, заклучиле дека на Бадниковата вечер ризикот е поголем за 37 отсто.

Бадниковиот ден е нешто „побезбеден“ кога ризикот се зголемува за 29 отсто.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека новогодишната ноќ не е поопасна од другите денови во годината. Меѓутоа, првиот ден од Новата година, ризикот е зголемен за 21%.

Како илустрација, научниците наведуваат можност дека членовите на семејството тој ден, по долго време, ги посетуваат роднините кои ги затекнуваат во лоша здравствена состојба, па затоа одлучуваат да ги сместат во болница.

Loading...

Заклучиле и дека понеделник носи голем ризик и тоа за 10% повеќе, како и дека во осум часот наутро во текот на денот, ризикот се зголемува за 60 отсто.

Научниците укажуваат дека за Швеѓаните Бадниковата вечер, која ја слават на 24 декември, е главен празничен ден и затоа се верува дека тогаш емоциите го достигнуваат својот максимум.

Leave a Reply