Рикер: Македонија и САД отпочнуваат нова етапа во меѓусебните

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со в.д. помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, кој престојува во работна посета на Република Северна Македонија.

Loading...

„Вашата посета се случува во многу важно време за земјата и само ден по вчерашнато усвојување на Пристпаниот протокол за членство на нашата држава во НАТО од страна на Комитетот  за надворешни работи на американскиот Сенат. Поддршката на САД за евроатлантските интеграции на Северна Македонија беше и останува суштинска за постигнувањето долгорочна стабилност, натамошна демократизација и просперитет на земјата и на регионот.“ – истакна МНР Димитров.

Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија во американскиот Стејт Департмент, Филип Рикер, истакна дека Република Северна Македонија и САД „отпочнуваат нова етапа во меѓусебните односи и соработка како сојузници во Алијансата“, потенцирајќи дека Северна Македонија се наоѓа на вистинскиот пат. Тој ја нагласи неопходноста од продолжување на реформите во насока на зајакнување на севкупниот капацитет на земјата, вклучително и во доменот на правосудството и борбата против корупцијата. Амбасадорот Рикер ја реафирмираше силната поддршка на САД за остварување на стратешките цели на Република Северна Македонија –  полноправното членство во НАТО и ЕУ, и вчерашната поддршка на Комитетот за надворешни работи во Сенатот е уште една потврда за тоа.

На средбата беше направен пресек на билатералните односи меѓу двете пријателски земји, а детално беа елаборирани и прашања од доменот на евро-атлантската интеграција на Република Северна Македонија. Беа разменети и мислења за актуелните политички состојби во земјата и во регионот. Соговорниците ги оценија билатералните односи како исклучително цврсти и пријателски, засновани на стратешко партнерство и соработка во повеќе значајни области. Беше искажан заемен интерес за постојан политички дијалог и за натамошно унапредување на севкупната соработка. 

Leave a Reply