Резултатите од тестирањата на лекарите во Куманово не стигнуваат навремено

Сподели со своите пријатели

Доцнат резултатите од тестирањата на здравствените работници од Куманово, чии брисеви биле земени уште во понеделник.

Loading...

Реакција на доцнењето денеска имаше и Општинскиот штаб за заштита и спасување, од каде бараат надлежното министерство и Комисијата за заразни болести да дадат приоритет на ваквите тестирања.

– Барање до Министерство за здравство, Комисија за заразни болести и ИЈЗ- Скопје да даде приоритет на тестовите за сите земени брисови на територијата на Општина Куманово за здравствените работници и воедно благовремено да го информираат ЦЈЗ – Куманово за позитивни и негативни резултати од тестовите, поради фактот дека за поголемиот број брисови коишто се испратени за анализа, не се добиваат резултати навремено, со што сметаме дека се креира нереална епидемиолошка слика во Општина Куманово, велат од Општинскиот штаб.

Ваквото барање следува откако денеска се регистрирани нови случаи на заболени меѓу здравствените работници во Општа болница Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply