Резултатите од екстерно тестирање на увид во училиштата

Сподели со своите пријатели
Во сите основни и средни училишта денеска се истакнати резултатите од екстерото тестирање, по чија обработка е констатирана просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3,26.
Минатата година просечната оценка на постигнувањата беше 3,6 соопшти Државниот испитен центар.
Учениците ќе можат да ги погледнат оценките кои ги добиле и почнувајќи од утре 26 јуни, а заклучно со 30 јуни (вторник) ќе можат да поднесуваат приговори до Училишната комисија.
При поднесување на приговорот ученикот има право на увид во тестот, се вели во соопштението од Центарот.
Најдобри постигнувања на екстерното тестирање на општинско ниво имаат општините Центар – 4,59, Вевчани – 4,58, Аеродром – 4-44, Карпош – 4,40 и Кисела Вода – 4,26.
На ниво на основни училишта, најдобри резултати на екстерното тестирање покажале училиштата „Лазо Трповски“ од Карпош  – 4,83, „Војдан Чернодрински“ од Карпош – 4,80, и „Јохан Хајнрих – Песталоци“ од Центар со просечна оценка од 4,76.
Од средните училишта најдобри просечни оценки имаат СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ со 4,31, СУГСГ им „Орце Николов“ со 4,26, и СОУГим „Јосип Броз Тито“ од Битола со просечна оценка 4,05.
Врз основа на обработените податоци за деветооделенците, просечната оцена за постигната на екстерната проверка е 3.04.