Резервни делови за трактори запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 96 резервни делови за трактори (бош пумпи, семеринзи, осовини за бош пумпи, црева за вода и воздух и делови за спојка), биле откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Непријавените делови пронајдени во џебовите во позадината на седиштата, во внатрешноста на вратите, позади совозачкото седиште и во багажниот простор, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.