РЕВОЛУЦИЈА: Во Германија се појави автомобил на сонце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иновациите на на моделот „Сион“ има 330 соларни клетки во кровот, хаубата и вратите, кои се полнат при возењето.

Минхенската компанија „Соно моторс“ направила електричен автомобил кој користи енергија од сонцето.

Овој автомобил е наречен „сион“ и има 330 соларни клетки кои му овозможуваат да се полни при возењето.

ТЕХНОЛОШКА РЕВОЛУЦИЈА: Првата лебдечка ветерница ќе обезбеди струја за 20.000 куќи (фото)

Loading...

Возилото е направено за да се зголеми бројот на еколошки возила во Германија, а многу решенија се многу иновативни. Автомобилот за движење користи електрична енергија добиена од соларните клетки, но можно е да се наполни и на „пумпа“ за други електрични автомобили.

Пет илјади автомобили ќе бидат произведени во првата серија, 30 минути се потребни да се наполни батеријата, а носивоста на возилото е 750 килограми.

 

 

Освен тоа, автомобилот има неверојатен систем за прочистување на воздухот – исландски мов на командната табла.

– Имаме и други работи кои овој автомобил го прават модерен. Тука се грејач за седишта, клима уред, информативен систем со кој можете да се поврзете преку мобилен телефон, вели Лаурин Нахн, основач на компанијата, а пренесува Ројтерс.

РЕВОЛУЦИЈА: Батериите на телефоните во иднина ќе ги полниме 4 пати во годината

Автомобилот на пазарот ќе сепојави кон почетокот на следната година, а ќе бидат направени вкупно 5.000.

Во случај на врнежлив ден или ноќно возење, автомобилот со полна батерија може да помине околу 250 километри.

Leave a Reply