Ретроспективна изложба на Дороти Пачкова во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово во петок со почеток во 14:00 часот ќе биде отворена ретроспективната изложба на Дороти Пачкова – „Retroactive retrospektive“.

Loading...

Изложбата содржи триесеттина акрилици, слики, фотографии, документи од сите творечки фази на авторката Пачкова а целиот проект е подржан од страна на Министерството за култура на РС Македонија. Поставката ќе биде достапна за посетителите до 09.11.2021.

Проектот “Retroactive – retrospective“ – ретроспективна изложба на Дороти Пачкова подразбира едно сублимирано резиме на досегашната творечка активност на оваа авторка на полето на визуелните уметности. Притоа, ќе го користиме  хронолошки документарно-илустративниот приод сметајќи дека  така најдиректно ќе ја претставиме оваа артистка. Се разбира дека просторот којшто го имаме на располагање не дозволува комплетно и сеопфатно, во детали, претставување на Пачкова туку само подвлекување на најзначајните јавни настапи и кратка анализа на истите. Иако се работи за млада авторка зачудува фактот дека во нејзиното портфолио среќаваме многу активности и јавни настапи во повеќе мултимедијални области од сферата на уметноста и општествениот живот, невладиното  граѓанско организирање и дејствување како и актуализирање на проблеми од областа на социјалниот сегмент. Секако нашиот фокус ќе биде насочен кон активностите поврзани со визуелните уметности и реализираните проекти на Дороти Пачкова коишто оставиле трага во реалниот и дигиталниот простор.

Дороти Пачкова е родена 1985 г. во Скопје, Македонија. По завршување на  средното уметничко училиште во Скопје, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Катедрата по сликарство, во класата на проф. Жанета Вангели. Магистрира на Институтот за општествени и хуманистички науки во Скопје на насока – Родови студии, под менторство на Катерина Колозова и коменторство на Бранимир Јовановиќ.

Работни ангажмани:

2014 – Дел од истражувачки тим за човекови права и дискриминација, ИССХС, Скопје

2014 – Предавачка и осмислителка на работилници за деца од маргинализирани заедници

2014 – Менаџерка  и тренерка на уметнички работилници за деца на самохрани родители

Loading...

2014 – Основачка и претседателка на неформално здружениe на самохрани родители на Македонија „One can!”

2015 – Колумнистка за феминистички тематики, истражувања и стории, Една може!

2015 – Помлада истражувачка од областа на човекови права и демократски односи, ИССХС, Скопје

2015 – Внатрешен соработник, Цивил, Скопје

2015 –  Менаџерка на Галерија Остен

2015 – Менаџерка на Биенале на цртеж, Институција за галериска и музејска дејност, Скопје

2015 – Основачка и претседателка на ONE CAN!, граѓанска организација за родова еднаквост,  http://onecan.org.mk/

2016 – CEO &FOUNDER,  иновативно, социјално претпријатие ONE MADE

Loading...

2017 – Тренер за родова еднаквост и феминизам

2017- Обучувачка за креирање на родови политики, женски движења и улога на женски граѓански организации во општеството

2017 – Обучувачка за женски активизам, артивизам и креативен отпор

2017 – Обучувачка за аргументирано застапување и лобирање

2017 – Предавачка за родово базирано насилство

2017 – Тренер за застапеност на социјални медиуми и ставање во функција на сопствени цели

2017 – Тренер за женско лидерство и успех

2018 – Обучувачка за социјално претприемање за жени

Loading...

Осмислител, куратор и координатор на:

2018-2019, Интердисциплинарни работилници за култура, уметност и родови науки, „Жените можат!“ со завршна изложба

2018-2019, Кросдициплинарни работилници за креативно живеење за деца со завршна изложба

2019, Интердисциплинарен проект за урбано-феминистичка култура „Скопје и се е можно“

2020-2021- Интердисциплинарни работилници за култура, уметност и родови науки, „Жените можат!-2021“

Самостојни изложби:

Loading...

2014:

  1. Изложба со перформанс „За свињи нема бисери”, Центар за Современи Уметности, ЦАЦ-Скопје

2015:

  1. Изложба на акрилни дела со „редимејд“ објекти „До кога ли вака, шепот без екот?“, НУЦК „Марко Цепенков”-Прилеп
  2. Изложба „Ова е само став на уште еден уметник во големиов свет“, Ј.У. „Кочо Рацин“, Галерија Ко-Ра-Скопје
  3. Изложба „Come, go with me to my Wonderland!”, Галерија на „Прима Центар – Берлин“-Берлин, Германија

2016:

  1. „Nonacademic’, Ј.У. „Кочо Рацин“, Галерија Ко-Ра, јавен простор-Скопје
  2. „Mother and son love”, Дом за Култура-Софија-Бугарија
  3. “Имагинативни деконструкции” Кинотека на Македонија-Скопје

2017:

  1. “Skopje heartbit” Ј.У. Кочо Рацин, Галерија Ко-Ра-Скопје

2018:

Loading...
  1. „Концептуални прозорци за работнички права“ Дом на млади, Штип, јавен простор
  2. „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“/TRANSCENDENT FEMINISM,, Скопје-Концепт центар Една може!/Една прави, Битола-Младински Културен Центар Бт, Струга-Музеј Струга-Галерија Вангел Коџоман, Охрид-ИкарХат, Тетово-Музеј на Тетово, Штип-Дом на Млади Штип.

2019:

  1. „Жена борец“, концептуална изложба во парк Жена борец.
  2. Проект „АРТ ФЕМ“ патувачка изложба во културните центри и музеи во: Штип, Тетово, Крива Паланка, Куманово, Струга, Скопје – Олд Скул Бар“.

2020:

  1. „Pembe dalga„/„Розев бран“, Културно информативен центар на Северна Македонија,ЈЈ Истанбул, Турција
  2. „Еј, мама“ активистичка феминистичка изложба, Концепт центар Една може!, Скопје

2021:

  1. „Жените можат-2021“, Ј.У: Кочо-Рацин, Галерија Ко-Ра, Скопје

 

Групни изложби:

Loading...

2014:

-„Paratissima 2014“, Прв Саем за современа уметност, МКЦ, Скопје – „БИТ Фестивал“, Битола

– „Базен Извор“-Валандово

– „The Doors“, Групна изложба, МКЦ-Скопје

– „Why we make Art?”, јавен простор, Kарпош-Скопје

– Групна изложба, слики и инсталација на отворено-Валандово

Loading...

– Групна меѓународна мултимедијална изложба, „Бит Фест“-Битола

2015:

– „Саем за современа уметност, Торино-Италија

– Групна изложба „Дом на културата“, Јале-Албанија

– „Paratissima 2015“, Саем за современа уметност, МКЦ-Скопје

Loading...

– „Античка Љубов”- Фрик фестивал, Галерија на ФЛУ- Скопје

– Групна мултимедијална изложба, Издавачка куќа и изложбен простор „Феникс“-Скопје

-„Купидоне, немој жити се! “, Љубов и вино“, Кафе Ли, општина Карпош-Скопје

– „Young Art“, Мала станица-Скопје

– Годишна изложба на ДЛУМ, „Скалило бр.72“, Мала станица-Скопје

– „Соочување” , Музеј на холокауст-Скопје

– „Струмица опен фест“ – Струмица

– „Paratissima 2015“ , Торино -Италија

2016:

– „Free stile“ , Кинотека, Скопје

– „Нераскажаните приказни на суперхероините 3“, Скопје –“Dear women,

the enemies of woman’s liberation will be crushed if  everyone of us participate in these battles.               Love, Doroti“, Културно Информативен Центар Кочо Рацин-Скопје

-„Пролет активизам“, ‘Скопска пролет 2016та, повеќе не те познавам“ , Дом на Култура КоРа, Скопје

-„Women’s scream“ , МКЦ , клуб, Скопје

-„Artist for human rights“ , Менада, Скопје

-„Балкански уметници“ , Дом на култура, Заечар, Србија

2017:

Loading...

-“Girls works”, Дом на култура, Ниш, Србија

2018:

– Фемина 4, КИЦ, Скопје

Перформанси:

– Перформанс: „Деструктуирање на семејни конструкции“, Тиит инк, МКЦ, Скопје

– Перформанс: „Уметност за човекови права“, Гем клуб, Скопје

– Перформанс: „Сексуална експлоатација, семејно насилство, институционално насилство, фемицид“ , Народен театар, Ниш, Србија

Loading...

2015:

– „Субверзивен уметнички акт“ , Дом на Култура Битола, соработка со ‘Елементи’

– Перформанс: „Да се биде или не уметник, денес“ , Центар за Современи Уметности, Битола, колаборативен проект

– Перформанс : „Не сум крива!“ , јавен простор, централно градско подрачје, Скопје

– Перформанс: „Свечено отворање”, Центар за Современи Уметности, Скопје

– Перформанс: „Казни!”, јавен простор, централно градско подрачје, Скопје

– Перформанс: „Abortion”, јавен простор, Ниш, Србија; Дом за ликовни активности Сичево, Сичево, Србија

Loading...

2014:

– Перформанс: „За свињи нема Бисери”, Центар за современи уметности, Скопје

– Перформанс: „Transformation through Creation”

– Перформанс „Пејнт“ , Хуманитарен концерт, Младински културен цента

– Перформанс „Пејнт“ , „Бит Фест“,

– Перформанс „Пејнт“ , „Хотел Извор“, Валандово

– Перформанс „Пејнт“, Јавен простор, Струга

– Перформанс „Казни!“, јавен простор, централно градско подрачје, Скопје

Loading...

– Перформанс „Доволно ви се колачиња?“ јавен простор, чаршија, Струга

– Перформанс „Доволно ви се колачиња?“ јавен простор, градско подрачје, Скопје

– Перформанс „ФемминизАммм” јавен простор, Буњаковец, и јавен простор, централно градско подрачје, Скопје

– Перформанс „The Doors”, јавен простор, населба Козле, Скопје

2010:

– Перформанс: „The Holly World”- Јавен простор: парк Капиштец, Скопје; Пазар, Струга; Државна болница, Скопје; Тафталиџе пазар, Скопје

2009:

– Перформанс: „They or I”- Јавен простор: СРЦ Кале, Скопје; Кеј, Охрид; Ноќен клуб, Прилеп

 

Филмови:

Loading...

– „Збогум Македонија – Бонжур Париз”, главна улога, режија Ѓорѓи Какашевски, продукција Master Interactive, 2005, Скопје

– „The War is Over” споредна улога, режија Митко Панов, продукција „Striped Entertainment“ , 2008, Скопје

– „Панкот не е мртов”, режија Владимир Блажевски, продукција „Pank Film“, 2010, Скопје

– „Бездомни”

Работилници и тренинг програми:

Ликовни колонии:

2006 – Ликовна Колонија за млади, Белград

2007 – Мал Ликовен Монмартр, Битола

2008 – Свети Николска Ликовна Колонија, Св. Николе

2008 – Приватна Ликовна колонија и Интервенирање во природа, Караџица

Loading...

2009 – Ликовна Колонија и Интервенции во природа, Папрадиште, Велешко

2014 – „Мултимедијална Меѓународна Колонија”, Битола

2014 – „Валандовска Ликовна Колонија”, Валандово

2015 – „Соочување со минатото”, ликовна колонија, Струга

2015 – „Антик арт колонија”, Јале, Албанија

2016 – „Феминистичка ликовна колонија”, Центар за девојки, Сичево, Србија

2016 -„Меѓународна 11та скопска ликовна колонија” , Музеј на град Скопје, Скопје

2016- Нишка уметничка-џез колонија, Ниш, Србија

2017- Фотографска ликовна колонија, Лазарополе

2018 – Женска уметничка колонија, ИкарХат, Охрид

Loading...

2019 – Ликовна колонија Плевља, Црна Гора

Ретроактивната, а не само ретроспективна изложба на Дороти Пачкова е резултат на нејзината внатрешна нужност да ја преобликува стварноста, да  дејствува со повратна сила, па така  наместо само  да прераскаже и да се врати во минатото, во настаните што некогаш се случиле, таа  длабоко понира  во сопствените длабочини и ни открива еден нов момент во кој ги спојува сите нејзини напори да го визуелизира својот став во однос на наметнатите улоги утврдени по пол што ни ги пласира угнетувачкото општество.  Во нејзините експресивни апстрактни дела  се чувствува  нејзината  женственост што толку силно ја манифестира, но истовремено ја афирмира на еден сосем поинаков начин. Тоа не е женственост што неизбежно е суптилна, мека и нежна, туку е женственост која експлодира од страст и болка, женственост што создава движечка енергија и што побудува не само силни емоции, туку повикува на изразување на сопствен став.

Дороти Пачкова на невообичаен начин успева да ги спои неколку важни моменти од општествената стварност и да создаде дела во кои бурно се преплетуваат женственоста со целата нејзина суштественост-мајчинството, заедно со борбата за човекови права и против секаков вид на дискриминација што реално ја практикува преку сопствен личен ангажман,  и апстрактното сликарство што самото по себе подразбира акција, не само на духовен план, туку и физички, бидејќи Пачкова во многу ситуации се носи себеси во состојба на акција, на реален ангажман, дури и тогаш кога создава апстрактно сликарство.

Заменувајќи го терминот ретроспективно со ретроактивно таа себеси се квалификува како уметник што има влијание врз некое прашање што веќе се случило, односно се ангажира тоа нешто да се врати, па така  создава еден наратив на активно, а не пасивно враќање. Дороти Пачкова верува дека преку промена на естетското може да се промени и колективното духовно, а со тоа и човекот и општеството. Нејзиниот општествен ангажман е резултат на нејзиниот став дека уметноста не е автономна, туку е резултат на етички и политички став и дека не треба да се создава уметност доколку таа не е резултат на нешто што сте го почувствувале на своја кожа.

Билјана Исијанин

Појавата на визуелна уметничка од форматот на Дороти Пачкова на македонската ликовна сцена претставува едно освежување во поглед на оригиналниот пристап, изборот на теми за обработка, но, пред се, начинот на обраќањето кон пошироката публика којшто е несвојствен за овие простори. Отворањето на егзистенцијални дискурси co силен акцент на перманентната ангажираност на уметникот, разбран како дежурен аналитичар и коректор на состојбите во општеството, дава едно сосема поинакво светло на уметничкото делување. Видено од ракурсот на Дороти Пачкова, акционото дејство и во сликарството и во животот му даваат една сосема нова улога на уметникот којшто треба да излегува се повеќе од ателјето на улицата и здружен co другите уметници но и co граѓаните да изрази став и да учествува во креирањето на својата иднина. Користејќи ги визуелните уметности како силно оружје за директно влијание, Дороти и нејзините истомисленици се во можност да иницираат промени во системот но и промени на индивидуално ниво – неопходна претпоставка за сеопшт развој и прогрес. Оттука и признание за нејзината досегашна активност и на полето на уметноста и на полето на граѓанскиот активизам co надеж дека ова “ретроактивно – ретроспективно “ издание ќе инспирира млади уметници.

Пишува: Роберт Цветковски, историчар на уметноста