РЕТКО ОТКРИТИЕ: Пронајден нов вид диносаурус (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Австралија е откриен нов вид диносаурус, најголем пронајден во таа земја и еден од најголемите во светот.

Loading...

Фосил од диносаурус, наречен „Купер“, е пронајден во југозападен Квинсленд во 2007 година, во реката Купер Крик. Но, скелетот остана тајна со години и дури сега се категоризира научно.

Експертите од музејот за природна историја Ероманга (ЕНХМ) и од музејот Квинсленд, кои ги објавија своите откритија во научното списание PeerJ, наведуваат дека Купер (Australotitan cooperensis) живеел пред повеќе од 90 милиони години.

 

Станува збор за титаносаурус – огромен тревојад што припаѓа на семејството сауропод, најголемиот вид диносаурус.

Се проценува дека овој диносаурус бил висок од 5 до 6,5 метри до колкот и долг од 25 до 30 метри, што значи дека бил висок како двокатна зграда и долг како кошаркарско игралиште, според ЕНХМ.

Со долгиот врат и опашка, наликувал на познатиот брахиосаурус.

Loading...

Палеотологот Робин Мекензи, коосновач на ENHM, рече дека научниците многу брзо, врз основа на големината на коските, утврдиле дека станува збор за голем вид.

 

„Фрагментите на коските беа прилично големи и групни. Ние ги измеривме и ги споредивме со другите видови во Австралија и другите делови на светот”, изјави Мекензи за Си-Ен-Ен.

Неколку големи парчиња коска, вклучувајќи ги рамената, карлицата и екстремитетите, биле скоро недопрени, но експертите доцнеле во идентификувањето на видот, бидејќи тие требало внимателно да се справат со големите и кревки коски.

Поради големината на коските, делови од диносаурусите биле чувани во различни музеи, кои често биле далеку едни од други. Затоа, тимот користел 3Д технологија за скенирање на секоја коска од титаносаурус, а потоа ги споредил со коските на други, слични видови.

 

Loading...

Откриено е дека Купер е поврзан со уште три австралиски сауроподи откриени на север во градот Винтон, што значи дека во оваа област може да се најдат повеќе остатоци од овие антички суштества.

„Овие откритија ја ставија Австралија на картата и и овозможија да се придружи на другите земји кои се во првите редови на палеонтологијата“, рече Мекензи.

Овој вид гигант обично се наоѓа во Јужна Америка, поради што ова откритие е уште поретко.

„Ова е само врв на ледениот брег на откритијата во Австралија и отвори една цела нова граница“, рече Мекензи.

 

Leave a Reply