Ресторан воведе интересна промена во начинот на послужување поради пандемијата (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ресторанот на шпанското крајбрежје донесе одлука за нова мерка за борба против коронавирусот (и начин да се продолжи со работа и покрај сè) со воведување на апликација на виртуелен келнер со цел да се намалат контакти со персоналот и ризикот од инфекција.

Loading...

Посетителите на пицеријата „Funky Pizza“ во Палафругел на Коста Брава, популарна туристичка дестинација, можат да го проучуваат менито, да нарачуваат храна и да плаќаат со апликацијата за телефон „Funky Pay“, што е за прв пат таква апликација да се интегрира во системот за нарачки на ресторани во Шпанија.

Келнерот сепак ќе ја донесе нарачката на масата.

 

https://www.instagram.com/p/CDEX3KKhGJn/?utm_source=ig_embed

 

„Со овој систем, ние се обидуваме да одржиме физичка дистанца од посетителите, а тоа е она што луѓето го сакаат во епидемијата „Ковид-19“, вели сопственикот на ресторанот Карлос Маниќ.

„Апликацијата е лесна за употреба… И можете да ја следите вашата нарачка и да видите кога ќе пристигне“, вели посетителот Клаудија Медина (26).

Loading...

Сепак, некои гости не се согласуваат.

„Мислам дека сме во загуба затоа што не можеме да го прашаме келнерот, на пример, за количината или другите преференци“, вели Хавиер Комас (26).

Leave a Reply