Решена мистеријата за Бермудскиот триаголник

Сподели со своите пријатели

Британски океанографи конечно завршија со своите повеќкодишни истражувања на Бермудскиот триаголник и утврдиле што точно се крие зад мистериозните исчезнувања на авиони и бродови на оваа подрачје.

Триаголникот со површина од 700.000 метри квадратни, кој се протега помеѓу Флорида, Порторико и Бермудските острови, привлекува вниамение на јавноста повеќе од 100 години. ВО тој регион исчезнати се десетици бродови, авиони и луѓе во текот на изминатиот век.

Од подводни пирамиди до вонземски бази, научниците и теоретичарите на заговори во текот на долги низа години се обидуваа да истражат зошто се случуваат мистериозните исчезнувања во Бермудскиот триаголник.

Во последните 100 години Бермудскиот триаголник „проголтал“ најмалку 1.000 луѓе

Loading...

Истражувачите велат дека е можно за тоа да се одговорни бранови големи и до 30 метри. Експертите од Универзитетот во Сатухемптон веруваат дека мистеријата може да се објасни со природен веномен кој се вика „лажни бранови“.

Истражувачите повторно направиле честички од чудната вода за потребите на документарецот „Бермудски триаголник – Енигма“. Овие бранови се силни и можат да бидат многу опасни. Научниците често овие бранови ги нарекуваат „екстремни бурни бранови“.

 

 

Изработиле и модел на брод исчезнат во 1918. година, несреќа која однела 300 животи.

Бродот бил на пат од Бахиа во Салвадор за Балтимор кога исчезнал во далечната 1918. година за време на Првата светска војна. Остатоците од бродот и телата на патниците никогаш не се пронајдени.

Сајмон Боксал, научник кој се занимава со океаните и земјата, вели дека во оваа област постојат три големи бру, кои доаѓаат од три различни насоки и кои создаваат совршени услови за лажен бран. Боксал верува дека тоа е објаснување за ичеснувањето на овој брод.

ЖИВ СВЕТ: Решена една од најголемите мистерии на планетата Земја

Меѓутоа, друг научник од Австралија верува дека причината за ичезнување на бродот е човечка грешка. Тој смета дека во тоа подрачје нема натприродни појави кои ги инспирирале бројните теории на заговор.

Истакнува дека бројот на несреи кои е случиле е еднаков на бројот на несреќите било каде во светот.

Во текот на годините се појавија бројни теории за оваа област, а Американската крајбрежна стража Бермудскиот триаголник го нарекува „митско географско подрачје“.

Leave a Reply